Пендаровски: Ние сме мал пазар за „Фајзер“, а вакцините од Ковакс ќе пристигнат во првиот квартал

Третиот механизам е да добиеме процент од некоја земја членка на ЕУ, а засега се најавени дека ќе добиеме одреден дел дози од Полска, Бугарија и Грција - истакна Пендаровски.

6,934

Претседателот Стево Пендаровски во интервјуто на МРТ рече дека порано не ги добиваме вакцините против ковид-19, затоа што не се сме членки на ЕУ.

– Снабдувањето со вакцини оди преку три механизми: Првиот е Ковакс, тоа е ниво на СЗО и членки се 170 држави. Проблемот со него е што е најглобалниот и обемен и вакцините според него се очекуваат во првиот или вториот квартал од следната година. Вториот механизам се директни преговори со производителите на вакцини, како што е „Фајзер“. Разговорот со нив иде вака – тие не прашуваат колку ви се потребни, ние им кажуваме 1,5 до 2 милиони дози максимум и тие велат ние сме мал пазар за нив. Можеби ќе дојдете на ред понатаму, кога ќе ги снабдиме големите конзументи. Третиот механизам е да добиеме процент од некоја земја членка на ЕУ, а засега се најавени дека ќе добиеме одреден дел дози од Полска, Бугарија и Грција – истакна Пендаровски.

Поврзани содржини