Меланија објави божиќна честитка од неа и Доналд Трамп и сите забележаа нешто чудно! ФОТО

2,766

Последната божиќна честитка на семејството Трамп од Белата куќа предизвика контроверзии, откако некои се посомневаа дека всушност станува збор за фотографија направена пред една година.

На честитката, претседателот на САД Доналд Трамп и првата дама Меланија стојат еден до друг, облечени во црни одела во Белата куќа.






„Среќен Божиќ од претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп“, напиша Меланија Трамп на Твитер, појаснувајќи дека фотографијата е направена на 10 декември на големите скали во Белата куќа во Вашингтон.

Според една од теориите кои кружат во американските медиуми, се сугерира дека станува збор за фотомонтажа. Наводно оваа оригинална фотографија на Доналд и Меланија Трамп е една од серијата фотографии снимени лани во Лондон.

– Мене тука најинтересно ми е тоа што нема контактна сенка – изјави Дејвид Магер, експерт за фотографија при њујоршката филмска академија.

– Контактна сенка е кога два предмети се допираат во реалниот живот. Поради тоа, очекував под нивните нозе да видам контактна сенка, на местото каде што нивните чевли го допираат црвениот тепих. Мене тоа ми недостига на фотографијата – објасни Магер и додаде:

„Дефинитивно кај двајцата се добива чувство дека се исечени до линијата на косата, особено првата дама. Тоа што може да се забележи, ако ја зумирате фотографијата, е дека нема вистински контакт помеѓу неговата рака и нејзиното палто“, порача Магер.

 

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини