Џенифер Лопез останува без никаква најава или барем навестување за своите свадбени планови со свршеникот Алекс Родригез. Но, се чини дека двојката го пропушти моментот поради пандемијата на ковид-19.
Џенифер Лопез размислува да не стапи во брак со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез, со објаснување дека „и двајцата претходно биле во брак“, пренесува „Дејли мејл“.
Славната двојка веќе ја одложи свадбената прослава во Италија, која првично беше планирана за јуни, поради пандемијата на корона вирусот, а се чини дека сега сериозно размислуваат да не застанат заедно пред олтарот.
Неодамна Џеј Ло сподели дека со Алекс сериозно размислувале за тоа дали воопшто дa се венчаат.
Сепак, тоа не значи дека парот е пред раскинување. Покрај тоа, 51-годишната пејачка истакна дека е исклучително среќна и дека ужива во нивната врска, но опцијата за брак е доведена во прашање.
„Разговаравме за тоа. На наша возраст, нормално е да се запрашаме дали навистина треба да се венчаме или не? На крајот на краиштата, и двајцата сме биле во брак порано. Што ќе ни значи сега венчавката? Дефинитивно не се брзаме. Навистина е тажно бидејќи требаше да се венчаваме во јули и испланиравме сè. Во март и април ја следевме ситуацијата и помисливме: „Можеби венчавката нема да се случи.“ Состојбата во Италија беше најлоша, а ние требаше да се венчаме во Италија. Тогаш реков: „Во ред, ќе откажеме сè“.
Латино дивата исто така призна дека била крајно тажна кога морала да ја откаже планираната венчавка, но наскоро сфатила дека тоа може да биде јасен знак дека треба да размисли.
– Дадена ни е можност да размислиме за работите. Ми се чини дека бракот е сè уште важен за нас, но нема брзање, тоа ќе се случи ако треба да се случи – заклучи Џеј Ло.
Таа и Родригез се заедно од февруари 2017 година, а свршувачката ја објавија минатиот март.