Затворен угостителски објект во Никуштак

279

Полициски службеници од СВР Куманово, во координација со Државниот пазарен инспекторат, вчера во периодот од 17.30 до 20 часот, извршиле контрола на 36 угостителски објекти на териториите на општините Куманово и Липково, во врска со почитување на одлуките на Владата на Република Северна Македонија за работното време, како и држење дистанца, точење алкохол на малолетници и други прекршоци.

– При извршената контрола во 17.30 часот, во угостителски објект во село Никуштак, општина Липково, сопственост на А.Р.(29) од с.Никуштак, на една маса биле затекнати повеќе лица од дозволеното, односно од страна на угостителот не е почитуван протоколот од Уредбата на Владата за спречување на ширењето на ковид-19. Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот бил привремено затворен, соопшти денеска МВР.

Поврзани содржини