ДВЕ ДЕЦА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ КАЈ КУМАНОВО Жена со „пежо“ излетала од патот и се превртела

Двете малолетни сопатнички се здобиле со тешки телесни повреди, додека 33-годишната возачка била повредена во несреќата кај селото Никуштак.

0

Две малолетни девојчиња се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Куманово-Липково, во атарот на селото Никуштак, Општина Липково.

Несреќата се случила на 4 октомври околу 15:50 часот, кога автомобил „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 33-годишната В.А. од Никуштак, излетал од коловозот и се превртел.






Двете малолетни девојчиња биле сопатнички во автомобилот и во несреќата се здобиле со тешки телесни повреди.

Возачката В.А. исто така била повредена, а нејзините повреди биле констатирани во Општата болница во Куманово.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Поврзани содржини