25 починати денеска, 613 новозаразени од коронавирусот
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73.638, бројката на оздравени пациенти е 49.414, на починати е 2.121, а бројот на активни случаи изнесува 22.103.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.837 тестирања, а регистрирани се 613 нови случаи на ковид-19. Починале 25 пациенти.
Во Скопје новозаразени се 204, Куманово 35, Дебар 15, Штип 20, Прилеп 27, Тетово 29, Струга 19, Велес 24, Битола 23, Охрид 27, Кавадарци 38, Гостивар 24, Гевгелија 19, Струмица 9, Крива Паланка 8, Радовиш 8, Кочани 11, Пробиштип 3, Македонски Брод 3 , Пехчево1, Берово 12, Валандово 2, Виница 1, Делчево 4, Свети Николе 15, Кичево 11, Ресен 7, Неготино15.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 688 оздравени пациенти од: Скопје 251, Куманово 38, Дебар 3, Штип 39, Прилеп 45, Тетово 41, Струга 18, Велес 29, Битола 43, Охрид 28, Кавадарци 26, Гостивар 32, Гевгелија 2, Струмица 13, Крива Паланка 4, Радовиш 6, Кочани 12, Пробиштип 1, Демир Хисар 7, Македонски Брод 3, Пехчево 1, Берово 2, Валандово 2, Виница 2, Свети Николе 6, Кичево 18, Ресен 7 и Неготино 9.
Починати се 25 лица, осум пациенти од Скопје (63, 80, 72, 72, 53, 81, 60 и 71г), двајца од Куманово (86 и 87г), еден од Прилеп (77г), двајца од Велес (68 и 61г), тројца пациенти од Битола (54, 67 и 57г), еден од Кавадарци (68г), тројца од Гостивар (60, 75 и 59г), еден од Гевгелија (71г), еден од Струмица (47г), еден од Радовиш (53г), еден од Свети Николе (75г) и еден пациент од Ресен (84г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73.638, бројката на оздравени пациенти е 49.414, на починати е 2.121, а бројот на активни случаи изнесува 22.103.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Направените 1.837 теста се преку: ИЈЗ-759, ЦЈЗ Скопје-32, Авицена-229, Биотек-158, МАНУ -158, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Систина со PCR метода -181, лабораторија Лаор –47, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-96, Инфективна клиника-1, ГАК-0, Синлаб-9, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -71, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 364.858 тестирања на ковид -19.