Облачно со локален дожд и слаб снег на планините

Дневната температура ќе се движи од 9 до 14 степени.

208

Времето во земјава ќе биде претежно облачно, во источните делови со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините за слаб снег. Попладне долж Повардарието ќе почне да дува засилен северен ветер, кој во текот на ноќта ќе се прошири насекаде.

Дневната температура ќе се движи од 9 до 14 степени.






Во Скопје, претежно облачно, а попладне со засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Поврзани содржини