Пациент на 22 години од Скопје почина од ковид-19

1,179

Министерството за здравство информира дека за едно деноноќие починале 28 лица, од кои пет пациенти се од Скопје, а најмладиот има 22 години. Другите се на возраст од 58, 75, 67, 78 години.

Сител јавува дека најмладата жртва на ковид-19 во земјава е трудница која немала претходни коморбидитети, само комплицирана бременост.






Еден пациент починал од Куманово (69г), еден од Дебар (66г), шест пациенти од Прилеп (70, 77, 53, 56, 69 и 82г), двајца од Струга (59 и 69г), еден од Велес (66г), тројца од Битола (76, 69 и 61г), еден од Кавадарци (57г), еден од Гостивар (83г), еден од Радовиш (80г), еден од Крушево (64г), еден од Кочани (65г), еден од Пробиштип (78г).

Двајца од починатите пациенти се од Кратово (76 и 76г) и еден пациент од Кичево (80г). Од нив, двајца се починати надвор од болница , останатите се починати во болнички услови.

Поврзани содржини