Апасиев: СДС на Нашата земја со ДУИ сакаат да прошверцуваат Деловник, затоа се одлучивме за филибастеринг
Лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев по жестокоте реакции од власта за амандманите кои ги поднесе опозициската партија за измените на Деловникот за онлајн работа на Собранието објаснува дека се решиле за филибастеринг за СДСМ и ДУИ да не прошверцуваат противуставен Деловник.
– СДС на Нашата Земја, во соработка со ДУИ, се обидуваат да прошверцуваат противуставен Деловник за онлајн работа на Собранието, со единствена цел – да може полесно да го ратификуваат евентуално склучениот квислиншки АНЕКС-ДОГОВОР со Бугарија, со кој тотално се негира македонскиот јазик, нација и идентитет! Пратениците на Левица се решени дека тоа нема да го дозволат и затоа се одлучија да го блокираат процесот со амандмански ФИЛИБАСТЕРИНГ – пишува на Фејсбук Апасиев.
Тој додава дека во меѓувреме, во јавноста процурија и следниве амандмани на „безобразните опозиционери.