Панчо од ДНК ги истетовира имињата на фудбалските репрезентативци ФОТО

996

Македонскиот пејач Владимир Блажев попознат како Панчо ДНК, го истетовира македонското знаме и имињата на македонските фудбалски репрезентативци кои со победата над Грузија (1:0) ја одведоа Македонија на Европското првенство во 2021 година.

„Кога ќе ти се исполни детскиот сон, моментот мора да се овековечи. Оваа тетоважа ми е една од позначајните кои ги имам на моето тело и сум горд на истата исто толку колку што сум горд и на нашите репрезентативци кои ни ја приуштија оваа неопислива радост. Ни покажаа и докажаа на сите нас како со сплотеност и верба се постигнува успех. Браво момци, херои наши“ напиша Панчо.






„МАКЕДОНИЈА на европско 2021“, напиша Панчо на Фејсбук.

Дел од неговите обожаватели го поддржаа, но имаше и такви кои го искритикуваа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини