Комплетирани групите за ЕП, Македонија е со Холандија, Украина и Австрија
Покрај македонската репрезентација, синоќа учество на континенталниот собир обезбедија уште и Шкотска, Словачка и Унгарија.
Со одигрување на четирите баражи синоќа се комплетираа шесте групи за ЕУРО 2020 коешто ќе се игра следната година поради пандемијата на коронавирус.
Покрај македонската репрезентација, синоќа учество на континенталниот собир обезбедија уште и Шкотска, Словачка и Унгарија.
Состав на групите за ЕУРО 2020:
Група А: Турција, Италија, Велс, Швајцарија.
Група Б: Данска, Финска, Белгија, Русија.
Група Ц: Холандија, Украина, Австрија, С. Македонија.
Група Д: Англија, Хрватска, Шкотска, Чешка.
Група Е: Шпанија, Шведска, Полска, Словачка.
Група Ф: Унгарија, Португалија, Франција, Германија.
Евро-шампионатот ќе се игра летото 2021 година, а познат е и распоредот на одигрувањето на натпреварите во групната фаза.
Првата средба македонската репрезентација ќе ја одигра на 13 јуни во Букурешт против Австрија од 18 часот, а во истиот град на 17 јуни од 15 часот ќе ги одмерат силите со Украина. Последниот натпревар од групната фаза, Македонија ќе го игра на 21 јуни во Амстердам против селекцијата на Холандија.