Самуел Ето заврши во болница по страшната сообраќајна незгода (ФОТО)

Нема официјални информации за тоа колку се сериозни повредите на поранешниот фудбалер на Барселона.

573

Поранешниот фудбалер на Барселона, Самуел Ето доживеа тешка сообраќајка. „Би-би-си“ објави дека фудбалерот се удрил во автобус во Камерун и сега е во болница.

Според првите информации, Ето со својот автомобил се удри во автобус и во моментов е познато дека се наоѓа во стабилна состојба, но нема официјални информации за тоа колку се сериозни повредите на поранешниот фудбалер на Барселона, Интер и Челзи.






Полицијата води истрага за инцидентот и засега не се објавени информации за тоа кој и како го предизвикал судирот на автомобилот и автобусот.

Поврзани содржини