Тешки времиња за Германија, ако не запре ширењето на Ковид-19
До денеска здравствениот систем може да се справи со тоа. Но, и најдобриоот здравствен систем во светот не може да се справи со двојно зголемување на секои 10 дена - посочи Шпан.
Германскиот министер заздравство, Јенс Шпан денеска изјави дека предстојат тешки времиња ако земјата не може да се справи со порастот на новозаболени со ловид-19.
Тој пред германскиот Парламент истакна дека во изминатите 10 дена двојно е зголемен бројот на пациенти на интензивните одделенија.
– До денеска здравствениот систем може да се справи со тоа. Но, и најдобриоот здравствен систем во светот не може да се справи со двојно зголемување на секои 10 дена – посочи Шпан.
Во Германија во изминатите 24 часа пријавени се над 21.500 заразени со новиот коронавирус и 166 смртни случаи.