Нова водоводна и фекална мрежа во Тафталиџе 1

484

Во завршна фаза е изведбата на фекална и водоводна мрежа на улицата „Варшавска“ во Тафталиџе 1, од кружниот тек на улицата „Париска“ кон улицата „Лондонска“. Со надградба на инфраструктурата се обезбедува приклучок на постоечките и новоизградените објекти на новата водоводна и фекална мрежа, информира Општна Карпош.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ работат на враќање на теренот во првобитна состојба. Имено, средишниот дел од улицата е веќе асфалтиран (каде што се наоѓа фекалната канализација) и останува уште страничниот дел (водоводната мрежа). Овој дел наскоро треба да се асфалтира, откако сите домаќинства ќе се приклучат на водоводната мрежа.






– Ова е потег којшто изминатите години беше најпогоден од агресивната и непланска урбанизација. Беа изградени повеќе објекти, кои придонесоа и за нови комунални проблеми. Како локална самоуправа правиме напор да се санира штетата и да обезбедиме колку што е можно подобро живеење и во овие населби рече градоначалнкот Стефан Богоев.

Инвестицијата е во вредност од околу 20 милиони денари.

 

 

Поврзани содржини