Четири лица починаа, 83 се новозаболени од 539 тестирани

Од починатите, тројца пациенти се од Скопје на возраст 66, 88 и 62 години и еден од Тетово (73).

807
Четири лица починаа а 83 се новозаболени од ковид-19 во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 539 тестирања, а регистрираните нови случаи се во: Скопје 34, Куманово 3, Штип 6, Тетово 5, Струга 3, Велес 3, Охрид 1, Гевгелија 1, Струмица 5, Крива Паланка 1, Радовиш 1, Кочани 9, Берово 1, Валандово 5, Виница 1, Делчево 4.

Од починатите, тројца пациенти се од Скопје на возраст 66, 88 и 62 години и еден од Тетово (73).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 146 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 195.541 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.873, бројката на оздравени пациенти е 15.487, на починати е 760, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.626.
Поврзани содржини