Вардар испушти победа на дербито со Пелистер

368

Нерешено 1:1 заврши вечното дерби на македонскиот фудбал меѓу Пелистер и Вардар. „Црвено-црните“ беа пред триумф во Битола по голот на Матеј Цветановски во 31 минута. Битолчани успеаја да извлечат реми, откако Бразилецот Чарлстон си постигна автогол во 90+4 минута.

Другите пет натпревари од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига се одиграа вчера.






Резултати:
Беласица – Ренова 1:1
Македонија ЃП – Струга Трим Лум 2:0
Работнички – Академија Пандев 0:0
Шкендија – Силекс 1:1
Шкупи – Борец 3:0.

Табела: Шкендија 18 бода, Шкупи 16, Македонија ЃП 16, Борец 12, Силекс 11, Работнички 11, Струга Трим Лум 11, Вардар 11, Пелистер 10, Академија Пандев 7, Ренова 6, Беласица 1.

Поврзани содржини