Кавадарци објави повик за субвенционирање на енергетски ефикасни грејни тела
Јавниот повик ќе се реализира по принципот „јавно извлекување“.
Општина Кавадарци денеска го објави јавниот повик за субвенционирање на енергетски ефикасни грејни тела. Целта е, како што стои во повикот, да се стимулираат жителите на Кавадарци за примена на почисто гориво и поквалитетни грејни тела за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот.
„На жителите кои ќе купат енергетски ефикасни грејни тела (печки на пелети и инвертер клими), општината ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на енергетско ефикасни грејни тела во висина од 50 проценти, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство“, стои во повикот.
Јавниот повик ќе се реализира по принципот „јавно извлекување“.