Утрово во Париз кај поранешните простории на Шарли Ебдо, местото на нападот од 2015 година, се случи напад со нож.
Три лица се повредени, а еден е во тешка состојба, јавува Le Parisien.
Меѓу повредените е вработен на продукциска фирма, сосед на поранешните простории на сатиричниот неделник и жена од друга фирма.
Причините за нападот се уште се непознати.
Полицијата ги замолува граѓаните да го избегнуваат тоа подрачје поради полициската интервенција која е во тек. На местото на нападот кружи и хеликоптер.
Објавена е и информација за потенцијален втор напаѓач, јавува Le Parisien.
Париската полиција објавила дека е уапсен маж кој се сомничи за нападот со нож.
Во Париз во тек е судењето на лицата кои помагале на напаѓачите на редакцијата на сатиричниот неделник Шарли Ебдо. Во терористичкиот напад во 2015 година двајца исламисти, инаку браќа, убија 12 и ранија 11 лица.