Новиот предизвик на „TikTok“ навистина оди предалеку: Ги фрлаат децата со рап песна, па продолжуваат да „тверкаат“ (ВИДЕО)

На тие снимки луѓето танцуваат со дете во рацете со песната „Baby“ на групата „Blueface“, a тогаш одеднаш го „фрлаат“детето, а тоа исчезнува од кадарот, а личноста продолжува да „тверка“.

1,016

На популарната друштвена мрежа „TikTok“ потворно се шири нов предизвик кој предизвика големо внимание.

Имено, новиот тренд, иако е опасен, тој е вирален. На тие снимки луѓето танцуваат со дете во рацете со песната „Baby“ на групата „Blueface“, a тогаш одеднаш го „фрлаат“детето, а тоа исчезнува од кадарот, а личноста продолжува да „тверка“.






Детето се „фрла“ токму кога се зборовите од песната : „Не, душо, не можеме да имаме бебе“.

И додека некои родители се нежни, и полека ги отстрануваат децата, некои се одлучуваат да ги покажат своите „специјални можности“.

Ова е воедно уште еден тренд во низа кој предизвика бес ширум целиот свет.

Зарем навистина секој „лајк“ е навистина толку важен?

 

Поврзани содржини