Срна усмртена, жена повредена на автопатот Тетовo-Скопје

764

Срна била усмртена од возило додека се движела по автопатот Тетово-Скопје, а при судирот повредена е и сопатничка во автомобилот, информира денеска СВР Тетово.

– Вчера во 17 часот и 30 минути, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на исклучувањето за Групчин, патничко моторно возило „рено сеник“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот З.С. од скопско Волково, удрило и усмртило срна која се движела по коловозот. При тоа, со телесни повреди се здобила сопатничката во возилото Д.З.(49), која била пренесена во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош – информираат од СВР Тетово.






По пријавата на случајот извршен е и увид од страна на екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. 

Поврзани содржини