Јанкулоска ќе оди во затвор за „тоа на М“

Екс-министерката во МВР, Гордана Јанкуловска, со првостепената пресуда беше осудена на затворска казна во траење од шест години, а Апелација ѝ ја намали на четири.

2,147

Врховниот суд ги отфрли жалбите поднесени од осудените во случајот „Тенк“, Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски и ги потврди пресудите изречени од Апелациониот суд, информираат од Врховен.

Во случајот „Тенк“, кој беше отворен од згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО), предмет на обвинение беше незаконски тендер за набавка на луксузен „мерцедес“. Екс-министерката во МВР, Гордана Јанкулоска, со првостепената пресуда беше осудена на затворска казна во траење од шест години, а Апелација ѝ ја намали на четири.






„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 17 септември 2020 година, одлучи по предметите заведени под КВПКОК2КВПбр.6/19 и КВПКОК2КВПбр.7/19, кои се оформени по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска. Со донесените пресуди Врховниот суд на Република Северна Македонија ги одби поднесените барања на осудените, поднесени лично од нивна страна и преку нивните бранители и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје“, објави денеска Врховниот суд.

Ваквата одлука беше донесена откако Јанкулоска, пред една година, поднесе барање за вонредно преиспитување на пресудата за случајот „Тенк“, односно Врховниот суд одлучи дека таа нема да оди во затвор сè додека не донесат одлука за пресудата.

Поврзани содржини