Груби со порака до навивачите на Вардар: За вакво однесување нема место во нашето ново општество

5,525

Првиот вицепремиер Артан Груби вчера им порача на навивачите на Вардар дека за нивното однесување нема место во новото општество.

Ваквата негова реакција следи откако Вардар вчера во македонското фудбалско првенство го совлада најлутиот градски ривал Шкупи, а стотина навивачи „Комити“ навиваа пред јужната трибина за време на натпреварот во Скопје.






„Говорот на омраза и денешното гневно навивање на младите среде Скопје е за секоја осуда. Такво однесување нема место во нашето ново општество, рамноправно општество за сите, со евро-атлантски вредности. На индоктринацијата на младите и етничката нетолеранција им е истечен рокот“, напиша Груби на Фејсбук по некое време откако заврши мечот.

Поврзани содржини