Фејсбук не дозволи Французин да го пренесува во живо своето умирање

830

Фејсбук вчера објави дека ќе го блокира обидот на Французин кој боледува од неизлечива болест да ја пренесува својата смрт во живо на неговиот профил на таа социјална мрежа, образложувајќи дека не дозволува објавување на сцена од самоубиство.

 

Како што пренесува Хина, 57-годишниот Ален Кок планирал да ги пренесува во живо последните денови откако вчера престана да зема храна, пијалоци и лекови.






Францускиот претседател Емануел Макрон го одби неговото барање да биде евтаназиран, со образложение дека не може да биде над законот.

Французинот има дегенеративно заболување што предизвикува ѕидовите на неговите артерии да се лепат заедно.

Кок објави дека Фејсбук го блокира неговиот пренос до 8 септември.

Поврзани содржини