Кетрин Зита-Џонс објави ретка фотографија од своите деца, фановите воодушевени колку личат на неa ФОТО

2,136

Холивудската актерка Кетрин Зита-Џонс ретко на социјалните мрежи објавува семејни фотографии.

Меѓутоа, сега објавила фотографија од своите две деца, 17-годишната ќерка Карис и синот 20-годишниот син Дилан.






„Летото официјално заврши во нашето семејство. Денеска и нашите млади се враќаат на учењето. На различни начини, без преседан. Ве сакам двајцата. И, порака за сите деца – знаењето е клучот на животот. Затоа, борете се, и ова ќе помине“, напишала актерката под фотографијата.

Обожавателите биле изненадени од тоа колку децата личат на Кетрин.

„Прекрасно семејство, тој изгледа исто како неговата мајка“, „Убави деца, изгледаат исто како нивната мајка“, „Убави деца од убави родители“, се некои од коментарите под фотографијата.

Кетрин и Мајкл Даглас се подготвуваат да ја прослават 20-годишнината од бракот.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини