Вучиќ: Имаше точка за признавање на Косово
Не плашете се дека ќе потпишам признавање на Косово. И точка. Тоа го кажав и на делегацијата на Косово и на Американците, рече Вучиќ во паузата на состанокот во Белата куќа со косовските претставници.
Првиот документ наречен „економска нормализација“ беше ужасно тежок и имаше 16 точки, а една точка беше за признавање на Косово што и не е некоја новост, рече српскиот претседател Александар Вучиќ доцна вечерва од Вашингтон.
– Не плашете се дека ќе потпишам признавање на Косово. И точка. Тоа го кажав и на делегацијата на Косово и на Американците. Јас кажав дека не можам тоа да го прифатам, луѓето беа фер, ме сослушаа и мислам дека во следните документи таа точка ќе ја нема. Ние дојдовме да постигнеме договор, за нашата економија и економијата на Косово, беа присутни сите што се занимаваат со американската економија. Се бориме Приштина да го прифати малиот Шенген, има различни политички апсекти, во тек е борба – рече Вучиќ во паузата на состанокот во Белата куќа со косовските претставници.