Во Црна Гора утре парламентарни избори, се избира 81 пратеник
На утрешните избори, единаесетти од воведувањето на повеќепартиски систем во Црна Гора и петти по осамостојувањето од Државната заедница на Србија и Црна Гора, ќе се одржат и локални избори во неколку општини – Котор, Будва, Тиват, Андријевица и Гусиње.
Утре во Црна Гора ќе се одржат парламентарни избори на кои ќе учествуваат шест коалиции и шест политички партии.
Според избирачкиот список што го објави Државната изборна комисија, во Црна Гора право на глас имаат 540.026 граѓани кои ќе изберат 81 член на црногорскиот Парламент.
На утрешните избори, единаесетти од воведувањето на повеќепартиски систем во Црна Гора и петти по осамостојувањето од Државната заедница на Србија и Црна Гора, ќе се одржат и локални избори во неколку општини – Котор, Будва, Тиват, Андријевица и Гусиње.
Изборите ќе се одржат во согласност со препораките на Националното координативно тело за инфективни болести, поради епидемијата на коронавирусот.
Владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) учествува во коалиција со Либералната партија, а листата наречена „Одлучно за Црна Гора! ДПС – Мило Ѓукановиќ“ ја предводи заменик-претседателот на партијата, Душко Марковиќ.
Водечките опозициски партии се поделени во два табори.