📽️ МОСКВА СОБОРИ 249 ДРОНОВИ ВО ЕДНА НОЌ Двајца загинаа, погодени се згради и рафинерија
Најмалку шест лица се повредени, меѓу кои и две деца, а стотици жители биле евакуирани од една станбена зграда. Во руската престолнина била погодена и нафтена рафинерија, додека на московските аеродроми биле воведени ограничувања.
Две лица загинаа во еден од најголемите напади со дронови врз Московскиот регион, додека руските власти соопштија дека собориле стотици беспилотни летала. Гувернерот Андреј Воробјов соопштил дека во регионот биле соборени 249 дронови.
Во Софино загинала 44-годишна жена откако дрон погодил станбена зграда. Повредени биле уште 5 лица, меѓу кои 2 деца. Втората жртва е постар маж чија куќа била погодена во областа Орехово-Зуево.
Дронови стигнале до рафинеријата
Нападот стигнал и до самата Москва. Градоначалникот Сергеј Собјанин соопштил дека неколку дронови стигнале до комплексот на московската нафтена рафинерија, а еден погодил и станбена зграда. Размерот на штетата во рафинеријата засега не е познат.
Ројтерс објави дека негови новинари слушнале експлозии во Москва и виделе чад што се издигнувал од рафинеријата. Според Собјанин, од саботата биле соборени повеќе од 1.600 дронови на различни правци, од кои 450 летале кон Москва.
Евакуирани 400 жители
Во Раменскиот округ биле евакуирани 400 жители, меѓу кои 70 деца, откако бил погоден 21-катен станбен објект. Оштетени биле и повеќе домови во поширокиот Московски регион.
Аеродромот Шереметјево вовел привремени ограничувања, додека Внуково извесно време ги запрел пристигнувањата и полетувањата. Украина засега јавно не го коментирала нападот.
🔥 LARGE-SCALE ATTACK ON RUSSIA
Ukraine’s two major hits near Moscow:
• Kapotnya Oil Refinery — key Moscow fuel supplier, 11.6M tonnes/year
• Sofyino warehouses — 290,000 m²Zelensky just expanded Ukraine’s long-range operations. 🧵 https://t.co/NkPZcRfjcM pic.twitter.com/o8aMpmg23Q
— 𝐀𝐧𝐧𝐚 𝐊𝐨𝐦𝐬𝐚 🇪🇺🇵🇱🇺🇦 (@Tweet4AnnaNAFO) September 20, 2026