МОТОЦИКЛИСТ ИЗГУБИЛ КОНТРОЛА И ПАДНАЛ – На 27.08.2020 во 13,00 часот било пријавено дека во Скопје на ул.Лазар Личеновски А.М. (50) од Скопје управувајќи мотоцикл „апачи“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
ВОЗИЛО УДРИЛО ВО МОПЕД – На 27.08.2020 во 12,15 часот било пријавено дека во Скопје на бул.“Трета Македонска бригада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “рено модус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.Л.(46) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.Џ.(55) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Џ. констатирани во комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
ТЕШКО ПОВРЕДЕН МОТОЦИКЛИСТ ПО УДАРОТ ОД КАМИОН – На 27.08.2020 во 10,50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гевгелија-Богданци се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со полуприколка, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(55) од Прилеп и мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од Б.П.(78) од Богданци. Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Јавната здравствена установа Гевгелија. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.
ЖИТЕЛ НА КИСЕЛА ВОДА БИЛ КАСНАТ ОД КУЧЕ – На 27.08.2020 во 22,00 часот во Полициската станица Кисела Вода Е.Д.(38) од Скопје пријавил дека на бул.“Борис Трајковски“ бил каснат од куче скитник.
МАЛОЛЕТНО ДЕТЕ НАПАДНАТО ОД УЛИЧНО КУЧЕ – На 27.08.2020 во 15,30 часот во Полциската станица Аеродром Г.Ф.(54) од Скопје пријавила дека на бул.“Јане Сандански“ нејзиниот 17 годишен син бил каснат од куче скитник.