Проблем за Јунајтед и Франција, Пол Погба е позитивен на ковид-19

Тој бил тестиран во текот на вчерашниот ден, но иако не ги знаел резултатите, синоќа излегол на вечера со својата бремена сопруга и со уште една двојка.

348

На нешто повеќе од две недели пред почетокот на новата сезона, Манчестер Јунајтед се соочува со нов проблем.

Францускиот интернационалец и најскап фудбалери во историјата на клубот Пол Погба е дијагностициран со ковид-19 поради што нема да тренира во следниот период и нема да игра за „триколорите“ на почетокот од Лигата на нации.






Тој бил тестиран во текот на вчерашниот ден, но иако не ги знаел резултатите, синоќа излегол на вечера со својата бремена сопруга и со уште една двојка.

Интересно е тоа што веста за коронавирусот кај Погба ја објави францускиот селектор Дидие Дешамп, објаснувајќи ги причините зошто тој не е повикан во националниот тим. На стартот од Лигата на нации, Франција и гостува на Шведска на 5 септември, а три дена подоцна ќе игра против Хрватска.

Поврзани содржини