Случаи на заразени со коронавирусот забележани се и кај припадници на домородна заедница која живее во одалечениот Андамански остров во Индискиот океан, јавува BBC.
Четири припадници на племето Големи Андамани се поситивни на коронавирусот. Двајца се примени во болница, а двајца се во карантин во здравствениот центар.
Според информациите, околу 53 припадници на племето живеат на еден од 37-те населени острови на коралскиот архипелаг Андаманс. Откако во јули таму е регистриртан коронавирусот, 2.985 лица се заразени, а 41 починале.
Првиот случај на зараза во загрозената домородна заедница е регистриран во минатата недела по што сите 53 припадници се тестирани.