Москва е заинтересирана да се открие што ја предизвикало комата кај Навални

Секако дека сме заинтересирани, не помалку од другите, да откриеме што ја предизвикало комата кај пациентот кој се лекува во болницата во Берлин, а што се однесува до различните чести и избрзани изјави дека постои голема веројатност за труење, ние сме трпеливи, но во оваа фаза остро не се согласуваме со таа теза - рече Песков

398

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Москва е заинтересирана да се утврди причината за состојбата на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, кој е сместен во болница во Берлин и е во индуцирана кома.

Песков истакна дека Русија не се согласува со обвинувањата дека наводно станува збор за труење, и додаде дека причините за здравствената состојба на Навални, кој беше сместен во болница во Сибир пред да пристигне во Берлин, допрва треба да бидат утврдени.






– Секако дека сме заинтересирани, не помалку од другите, да откриеме што ја предизвикало комата кај пациентот кој се лекува во болницата во Берлин, а што се однесува до различните чести и избрзани изјави дека постои голема веројатност за труење, ние сме трпеливи, но во оваа фаза остро не се согласуваме со таа теза, рече Песков на прес-конференција.

Поврзани содржини