Тинејџер налетал на ќуп полн со златници
Копав и кога ја ископав земјата, видовнешто што наликуваше на тенки ливчиња. Кога малку подобро погледнав, забележав дека е злато – вели момчето.
Тинејџери кои волонтирале на археолошко ископување во Израел, пронашле 425 златници кои биле закопани во глинен ќуп барем 1100 години, пишува BBC.
Повеќето од пронајдените златни пари датираат од раниот исламски период кога тој регион бил дел од Абасидискиот калифат.
Вкупната тежина на парите е 845 грама и во тоа време претставувал голем износ, доволен за да се купи луксузна куќа.
– Лицето кое пред 1100 години го закопала богатството веројатно имала намера да се врати по него. Ќупот го обезбедила со голема шајка за да не се помрдне, велат водачите на ископувањата Лиат Надав-Зив и Ели Хадад од израелската организација за заштита на оставштината.
– Пронаоѓањето на златниците, особено во толку големо количество, е ретко. Речиси никогаш во текот на археолошките ископувања не пронаоѓаме злато бидејќи тоа било многу вредно.
Оз Коен, момчето кое го нашло златото, вели дека тоа било неверојатно.
– Копав и кога ја ископав земјата, видовнешто што наликуваше на тенки ливчиња. Кога малку подобро погледнав, забележав дека е злато – вели момчето.
Експерт за златни кованици Роберт Кол вели дека станува збор за златни динари, но и дека има 270 делови од различни кованици кои служеле како ситни пари.
Меѓу златниците имало и фрагмент од златни солидуси на визнатискиот цар Теофил кои се изработени во Константинопол и претставува редок материјален доказ на константната врска помеѓу двете спротивставени царства во текот на тој период.
Фото: Heidi Levine/AFP