Организацискиот секретар на ДУИ Артан Груби преку пост на Фејсбук потврди дека ДУИ го добила ресорот за надворешни работи.
– Покрај премиер, тројца албански министри за надворешни работи во регионот. Историја!, напиша Груби.
Тој објави пост и од министерот за надворешни работи на Албанија Гент Цакај, во кој се потврдува дека со македонската дипломатија ќе раководи кадар од ДУИ.
Цакај во постот објавува дека веднаш по постигнувањето на договорот за владината коалиција телефонски зборувал со Груби.
– Искажав искрени честитки за историскиот договор што ќе овозможи за прв пат да има премиер Албанец во во Северна Македонија, дури и ако е само 100 дена. Исто така претседателот на Собранието ќе биде Албанец, останува историско достигнување дека дипломатијата на Северна Македонија ќе ја предводи Албанец – пишува Цакај.
Përveç Kryeministrit, edhe tre ministra të jashtëm shqiptar në rajon. HISTORIKE!
由 Artan Grubi 发布于 2020年8月18日周二