ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 16 АВГУСТ Овните и стрелците да избегнуваат драми, а девиците да бидат тактични

1,172

ОВЕН

(21 март – 19 април)






Драматичен допир со буквално се што правите денес наметнува вашиот владетел Марс, во вашиот знак и во склад со Сонцето и со Меркур. Убаво време за натпревар. Имајте на ум дека следниот месец Марс ќе се врати во вашиот знак и можеби ќе ги преиспитате тековните потреби или желби. Сепак, засега директниот пристап дава одлични резултати.

Работа: Под притисок сте на тие што ви се надредени. Борете се!

Љубов: Обрнете му внимание на партнерот, го запоставувате.

Здравје: Главоболки.

 

БИК

(20 април – 20 мај)

Ова може да биде одлично време да бидете активни, да се грижите за работата и да преземате чекори за намалување на стресот. Напорите околу домот и активностите поврзани со семејството можат да доведат до забележителен напредок. Подготвени сте за решавање на проблемите. Денеска може да има и малку тензии, од кои ќе произлезат добри нешта.

Работа: Размислете за дополнителен ангажман и za дополнителни приходи.

Љубов: Проблеми во врската, ама решливи.

Здравје: Мрзеливи сте и го запоставувате вашето тело.

 

БЛИЗНАЦИ

(21 мај – 21 јуни)

Денеска сме чувствителни и не сме многу елоквентни. Нечии чувства можат да бидат повредени. Сепак, интелектуалните работи можат да напредуваат. Впивате огромно количество информации и би можеле да бидете во состојба да подучувате или да водите.

Работа: Очекувајте пријатно изненадување.

Љубов: Монотонија.

Здравје: Време е за преглед кај интернист.

 

РАК

(22 јуни – 22 јули)

Денеска ќе се чувствувате продуктивно. Решенијата за проблемите имаат тенденција да доаѓаат интуитивно. Убаво време за кариерата, за подобрување на приходите и за придвижување на проектите напред.

Работа: Преземете акција, шансата нема да ви падне од небо.

Љубов: Не ја компрoмитирајте вашата врска со непромислен флерт.

Здравје: Го иритирате желудникот.

 

ЛАВ

(23 јули – 22 август)

Веројатно денеска се чувствувате прилично храбри, особено кога станува збор за изразување на вашите идеи и на личноста. Добро време да се дружите, да остварувате врски, да комуницирате и да уживате во креативни активности. Сепак, имајте на ум дека луѓето можат да бидат чувствителни, а постои одредена тенденција погрешно да ги претставувате вашите чувства.

Работа: Подгответе се за важно интервју.

Љубов: Времето ги лечи сите недоразбирања.

Здравје: Размислете за физикална терапија.

 

ДЕВИЦА

(23 август – 22 септември)

Денеска можеби ќе бидете особено возбудени околу решавањето емотивна или приватна работа. Интензивна дискусија за вашето минато или за приватни работи може да биде дел од сликата. Одлично време да се открие нешто претходно непознато или скриено. Внимавајте да бидете тактични.

Работа: Одлично напредувате.

Љубов: Дебатата за тоа кој е виновен за ланскиот снег не води никаде.

Здравје: Добро.

 

ВАГА

(23 септември – 22 октомври)

Можеби ви се чини дека колку повеќе го отворате вашето срце, толку повеќе добивате од животот, особено сега, кога Сонцето во вашиот социјален сектор се хармонизира со Марс во зоната на вашето партнерство. Сепак, луѓето имаат тенденција од вас да бараат поголема чувствителност денеска и постои одредена склоност за недоразбирања или за повредени чувства.

Работа: Од вас се очекува многу повеќе.

Љубов: Бидете искрени, вашиот партнер е ваш најдобар пријател.

Здравје: Ако имате главоболки, не голтајте апчиња, посетете очен лекар.

 

СКОРПИЈА

(23 октомври – 22 ноември)

Веројатно денеска ќе уживате во голема енергија и самодоверба. Добро време за хармонизирање на здравствениот сектор и на зоната на кариера и репутација. Промените во животниот стил се малку полесни. Сепак, може да има одредена тензија или погрешна комуникација. Избегнувајте да се објаснувате пред луѓе без широчина, но посветете им се на оние што го заслужуваат вашето внимание.

Работа: Одлична шанса да демонстрирате лидерство.

Љубов: Далеку од очи, далеку од срце. Бидете повеќе заедно со партнерот.

Здравје: Ако пиете алкохол, време е да намалите.

 

СТРЕЛЕЦ

(23 ноември – 20 декември)

Хармоничните аспекти помеѓу Сонцето, Меркур и Марс ја стимулираат вашата потреба за авантура. Романтичните изгледи се добри, иако, во наредните месеци можеби ќе го подобрите вашиот пристап кон оваа тема. Можеби е подобро да се избегне драма во моментов, што многу лесно може да ескалира токму денеска.

Работа: Успех.

Љубов: Претерано сте ранливи. Видете внимателни!

Здравје: Несоница.

 

ЈАРЕЦ

(21 декември – 19 јануари)

Имате тенденција да бидете фокусирани на лични или интимни работи, денеска и утре. Можеби ќе дојдете до ново разбирање за некоја тема или проблем. Внимавајте на нетрпеливоста или на брзањето кога комуницирате, бидејќи луѓето се склони кон погрешни толкувања.

Работа: Стабилно.

Љубов: Не покажувајте нетрпеливост кон саканото лице. Бидете потолерантни.

Здравје: Расеани сте, не се вознемирувајте поради повремената заборавност.

 

ВОДОЛИЈА

(20 јануари – 18 февруари)

Ентузијазмот денескa може да ве однесе далеку, aкo сакате да се чувствувате витални, а некој особено може да ви помогне во тоа. Особено сте остри и имате енергија да решите некои проблеми. Ова е потенцијално динамично време за врски и за ментални проекти или интереси.

Работа: Можна бура во односите со колегите. Ништо невообичаено за вас.

Љубов: Ако нешто сакате, тоа треба да го кажете отворено.

Здравје: Проверете дали ви недостасува железо.

 

РИБИ

(19 февруари – 20 март)

Можеби ќе уживате да се организирате и да имате тенденција кон „малите работи“. Можеби, пак, брзо и уредно ќе минете низ тешки проблеми или предизвици, а вашите иновации ќе бидат втемелени на практични реалности. Искористете го ова за да се занимавате со нешто конструктивно.

Работа: Време е за одмор и малку спокојство.

Љубов: Размислувате ли вашата врска да ја подигнете на „некст левел“? Идејата не е лоша…

Здравје: Може и подобро.

Поврзани содржини