Анџелина Џоли во понеделникот барала да се промени приватниот судија кој го следи случајот на нејзиниот развод од актерот Бред Пит и долготрајната битка за старателството над шесте деца, кој трае од 2016 година.
Адвокатите на актерката, според странските медиуми, поднеле барање до Врховниот суд во Лос Анџелес, во кое тврдат дека судијата „не го открил моменталниот однос помеѓу него и адвокатот на Пит“.
Меѓутоа, извор близок до овој пар вели дека тоа е само тактика на Анџелина за да го одложи разрешувањето на случајот, бидејќи смета дека работите моментално не одат во нејзина корист.
Главното прашање околу кое Бред и Анџелина не можат да се согласат е старателството над нивните шест деца.
– Џоли се обидува да го отпушти приватниот судија кој го надгледува нивниот случај. Таа има право на тоа, но ако мисли дека е на добар пат во оваа правна постапка, тоа не би требало да го прави. Ова е класичен случај кога некој очекува лоша одлука од судот и се обидува да ја одложи постапката барајќи нов судија – тврди изворот и додава дека нејзината постапка е многу необична, со оглед дека го одолговлекува целиот процес.