Новиот албум на Тејлор Свифт ги руши сите рекорди една недела по објавувањето ВИДЕО

747

Иако беше најавен само 17 часа пред официјалното објавување, новиот албум на Тејлор Свифт „Фолклор“ (Folklore), е продаден во1.300.000 копии за само 24 часа, со што стана најпродаваниот албум на 2020 година.

Според магазинот „Вариети“, албумот го собори и рекордот за најслушано издание на женски музичар во првите 24 часа, и имаше повеќе од 80,6 милиони стримови на Спотифај, додека истовремено стана и најстримуваниот албум на Apple Music со 35,47 милиони слушања во еден ден.






Иако официјалните информации за продажба во првата недела ќе бидат достапни дури следниот понеделник, странските медиуми пишуваат дека Свифт е најверојатно уметничката која ќе го има најголемото деби на музичките топ листи оваа година, оставајќи го зад себе Д Викенд и неговиот албум „After hours“.

На албумот, таа соработуваla со музичкиte херои, така што фронтменот на групата „The National“- Арон Деснер – работел со неа на 11 песни, додека тој карантинот го поминувал со семејството. Останатите песни се напишани од Џак Антоноф, Вилијам Бовери и Бон Ивер.

Албумот „Фолклор“ е достапен на сите стриминг сервиси и музички платформи.

 

Поврзани содржини