И покрај ковид-19, сите патишта водат кон Охрид! Зголемена фреквенција на патарините (ФОТО+ВИДЕО)

Викендот во оваа туристичка атракција се бара празна соба повеќе, но угостителите велат дека капацитетите се веќе резервирани уште пред две до три недели.

736

Со оглед на споениот викенд и неработниот ден кој следува во понеделник илјадници граѓани ќе ги преплават сите познати туристички дестинации во земјава, каде што исто така има зголемен број на заболени од ковид-19.

Како и вообичаено најпосакувана дестинација за илинденските празници е Охрид каде од попладнево доаѓаат многумина туристи, најмногу од Скопје.






Викендот во оваа туристичка атракција се бара празна соба повеќе, но угостителите велат дека капацитетите се веќе резервирани уште пред две до три недели.

На патарините од главниот град кој водат до Охрид преку Скопје-Тетово и Гостивар попладнево вообичаен метеж, но не и застој, погледнете.

Инаку мерките за носење на заштитна маска и дистанца важат во целост низ целата земја, а инспекциските контроли ќе бидат зачестени во текот на празничниот викенд, особено во Охрид.

Видео од камерите низ целата земја можете да следите ТУКА.

Поврзани содржини