По 2.000 евра треба да платат 7 скопјани кои шетале во време на полициски час

221

Скопското обвинителство поведе постапка против седум граѓани кои не го почитувале полицискиот час за кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

– Обвинетите, спротивно на одлуката за забрана и посебен режим за движење, за време на важечки полициски час, без дозвола се движеле на различни локации во градот.






Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози со кои за обвинетите предложи парични казни од по 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Поврзани содржини