📷 НАЈМАСОВНА ВОЛОНТЕРСКА АКЦИЈА ДОСЕГА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СКОПЈЕ Се вклучија и опозициски советници

Големата акција за расчистување на Скопје продолжи со учество на градоначалници, млади и волонтери. Ѓорѓиевски најави дека вакви акции ќе се организираат двапати месечно.

50

Илјадници граѓани, волонтери, млади и претставници на локалната власт денеска се вклучија во продолжението на големата акција за чистење на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски им се заблагодари на учесниците,  за како што вели, најмасовната волонтерска акција организирана од Градот досега од овој тип.

Во акциите од овој тип се вклучуваат општините, градоначалниците, учениците и граѓаните, а се чистат паркови, улици, пешачки патеки и јавни површини. Градоначалникот најави дека акциите ќе се организираат двапати месечно.






„Илјадници луѓе повторно ја претворија љубовта кон Скопје во дело. Со засукани ракави и со искрена желба да придонесат, покажаа дека чист и уреден град се создава со труд, со одговорност и со заедништво“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Тој им се заблагодари на сите што одвоиле време за чистење на јавните површини.

„Посебна благодарност упатувам до советниците од опозицијата кои се придружија на акцијата. Скопје е дом на сите нас, а грижата за него треба да нè обединува“, вели градоначалникот.

Ѓорѓиевски испрати порака и до граѓаните што несовесно фрлаат отпад, повикувајќи ги да го почитуваат трудот на своите сограѓани.

„Некој денес одвои од своето време, се наведна и го собра она што друг го фрлил. Вложи сила и труд за сите да живееме поубаво. Никој нема право со својата неодговорност да го погазува тој придонес“, порача Ѓорѓиевски.

Градоначалникот информираше дека во употреба е пуштена нова механизација за одржување на јавната хигиена.

Истовремено, низ Скопје веќе се поставуваат 3.300 нови контејнери, со кои треба да се подобри собирањето и транспортирањето на отпадот.

„Обезбедуваме опрема, работиме на терен и создаваме услови за јавна хигиена каква што скопјани заслужуваат“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој најави дека големите акции за чистење ќе се организираат двапати месечно, со цел одржувањето на јавните површини да стане редовна практика.

Поврзани содржини