Беџети: Алијанса ги отстапува мандатите ако бројот на луѓето кои гласале се совпадне со тие што живет во Зајас

4,882

Портпаролот на Алијанса за Албанците, Флакрон Беџети, преку Фејсбук ги кани ДИК и ДУИ да изберат кое било гласачко место во Зајас и да го споредат бројот на тие кои гласале со бројот на луѓето што живеат таму и ако се совпаднат, Алијансата е подготвена да ѝ ги отстапи својте мандати на ДУИ.

– Ги покануваме ДИК, ДУИ, која било партија, која било меѓународна организација, сите кои се заинтересирани да има правда, да избере кое било избирачко место во Зајас! Потоа споредете го бројот на оние кои гласале со бројот на луѓе што живеат таму, вклучувајќи ги и оние што влегле и излегле од границата! Ако бројките одговараат, ние сме подготвени да ги прифатиме сегашните резултати од изборите денес, и да ги донираме сите наши мандати, но ако овие бројки не одговараат, тогаш чекаме да се спроведе законот – напиша Беџети.






 

Поврзани содржини