Поради пандемијата „Гардијан“ ќе отпушти до 180 вработени
„Гардијан“ е уште еден британски медиуми, што почна да се реструктуира поради пандемијата, што доведе до пад на приходите од рекламирање и физичка продажба.
Британски „Гардијан“ ќе отпушти до 180 вработени поради економскиот шок од пандемијата на новиот коронавирус.
Преструктуирањето може да влијае на 110 места во одделите за продажба, рекламирање и маркетинг и 70 во редакцијата, пишува весникот на својата веб-страница. Според главната уредничка Кетрин Вајнер и извршниот директор на Гардијан Медиа Груп, Анет Томас, пандемијата довела до пад на приходите на публикацијата.
„Гардијан“ е уште еден британски медиуми, што почна да се реструктуира поради пандемијата, што доведе до пад на приходите од рекламирање и физичка продажба.
Во јануари, Би-Би-Си објави дека ќе отпушти 450 вработени како дел од планот за реструктуирање, кој беше запрен за време на епидемијата. Медиумот го потврди планот и најави дека ќе бидат укинати уште 70 работни места поради „влошената финансиска состојба“.