ПОРАСНАА ТРОШОЦИТЕ ЗА ГРАДЕЊЕ КУЌИ Најголем дел во трошоците отпаѓаат на работната рака

Споредбата со првото тримесечје лани покажува пад кај трошоците кај градежните материјали од 0,5% и раст на трошоците поврзани со вработените од 5%.

1

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во првото тримесечје забележаа годишен раст од 1,2%  и раст од 0,8% во однос на последното тримесечје од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Споредбата со првото тримесечје лани покажува пад кај трошоците кај градежните материјали од 0,5% и раст на трошоците поврзани со вработените од 5%.






Во однос на последниот квартал лани во првиот квартал годинава забележан е раст на трошоците кај градежните материјали од 1% и кај вработените од 0,4%.

Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување прво тримесечје 2026 година (2021 = 100)
 I-III 2026 
X-XII 2025
I-III 2026
I-III 2025
   I-III 2026   
Ø2021
Трошоци во градежништвото за
нови објекти за
индивидуално домување
100.8 101.2 125.8
Трошоци за материјали 101.0 99.5 114.5
Трошоци за вработени 100.4 105.0 158.6
Поврзани содржини