НА 96 ГОДИНИ ПОЧИНА ДРАГОЉУБ МИЌУНОВИЌ Беше еден од организаторите на студентските демонстрации во 1968 година

0

Српскиот политичар и прв претседател на Демократската партија по нејзиното обновување, Драгољуб Миќуновиќ, почина денеска на 96-годишна возраст, соопшти Демократската партија.

Миќуновиќ, ја водеше партијата во 1990 година, и припаѓа на генерација луѓе кои ја знаеја цената на слободата, бидејќи ја платија лично, но кои никогаш не се откажаа од борбата за демократска Србија, наведоа од ДП.






„За Демократската партија, неговото име останува дел од нашиот идентитет, нашата обнова и нашата посветеност да ја продолжиме борбата за Србија на слободни граѓани, силни институции и демократски вредности“, се вели во соопштението на Демократската партија.

Драгољуб Миќуновиќ, филозоф и политичар, ќе биде запаметен од српската јавност како еден од организаторите на студентските демонстрации во 1968 година и обновувањето на Демократската партија по враќањето на политичкиот плурализам во 1989 година.

На крајот на 1999 година, Миќуновиќ беше еден од иницијаторите за обединување на српските опозициски партии во еден блок. Тоа ја создаде ДОС (Демократска опозиција на Србија) во јануари 2000 година.

Поврзани содржини