Фрлено шише со запалива течност во двор од куќа во прилепско Дебреште

Од фрлено стаклено шишето со запалива течност, било оштетено предното ветробранско стакло од патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, паркирано во дворот, а опожарени биле и огревни дрва во непосредна близина.

493

Непознат сторител фрлил стаклено шише со запалива течност вчера во двор од куќа сопственост на С.М.(53) во прилепското село Дебреште.

Како што соопшти денеска МВР, настанот бил пријавен вчера во 01.30 часот, а од фрлено стаклено шише со запалива течност, било оштетено предното ветробранско стакло од патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, паркирано во дворот, а опожарени биле и огревни дрва во непосредна близина. Пламенот го забележале С.М. и неговиот брат, кои го изгаснале огнот.






Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на Полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини