МЕЧКА ВИДЕНА НА 30 МЕТРИ ОД КУЌИТЕ ВО ДЕБРЕШТЕ Жителите предупредени да не ѝ се приближуваат

0

Предупредување дека е забележана мечка во близина на куќите во Дебреште е објавено на официјалниот профил на Фејсбук на селото.

Мечката е видена во близина на резервоарот во Дебреште, на околу 30 метри над првите куќи.






„Се предупредуваат жителите да бидат крајно внимателни, особено во вечерните и раните утрински часови. Избегнувајте движење во тој предел, не пуштајте деца сами и внимавајте на домашните животни. Доколку ја забележите мечката, не ѝ се приближувајте и не обидувајте се да ја бркате или фотографирате одблизу“, се наведува во предупредувањето.

 

Поврзани содржини