Германско-турската актерка Меријем Узерли, која се прослави со улогата на Хурем во „Сулејман Величествениот“, се пофали со новиот деловен проект. Актерката со објава на својот Инстаграм профил се пофали дека има нов работен проект.
Актерката од утре отвора продавница за здрави слатки деликатери во центарот на Берлин.
Како што објаснила на својот инстаграм-профил, Мерјем се надева дека ова ќе биде само една во низата на продавници кои планира да ги отвори низ целиот свет.
„Ја отворам мојата прва „Нош-Нош“ продавница во Берлин, ќе се продаваат многу здрави и вегански слатки. Ова претставува само почеток од многу патувања и се надевам ќе се прошириме низ целиот свет. Јас и моите пријатели го креиравме ова место во кое сакаме да се чувствувате како да сте дома со слатки од најдобар квалитет“, напишала актерката.
„Во понудата се вегански чоколади, џемови, сладолед, маслиново масло, кафе, чај и многу други вкусни нешта“, напишала убавата Мерјем.
FOTO: Instagram