Василевска: Антикорупциска да ја запре исплатата на пола милион евра кон НВО во ек на избори

1,964

Власта на СДСМ префрла половина милион евра во ек на изборна кампања на НВО, а Државната комисија за спречување на корупција молчи. СДСМ најпрвин ја злоупотребија вонредната состојба и во брза постапка ги распредели средствата на НВО кој е близок до нив За недела дена распишаа оглас, извршија евалуација и доделија над половина милион евра., рече на прес конференција Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– ДКСК не најде за сходно да реагира и да види како тоа за 48 часа, колку што изнесуваше рокот за евалуација и избор на проектите, Комисијата која одлучувала за распределување на средствата да прочита над 550 проекти, со над 5.500 пишани страни материјал?! И дали ваквата „брзина“ во избор не ги заинтересира дали зад тоа не се крие веќе однапред договорена работа, кој и колку средства треба да добие?! Откако ја злоупотребија вонредната состојба, сега го злоупотребуваат и процесот на изборите. Имено на ден 01.07.2020 година, против законски во тек на официјална кампања на невладините организации им се префрлаат парите од огласот. Затоа денес поднесовме приговор до ДКСК да постапи за прекршување на членот 8-а од Изборниот законик и член 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси – рече Василевска.






Таа ја повика ДКСК веднаш да реагира во однос на приговорот и  да ја суспендира постапката за доделување на средства на граѓански организации во период каде што изборната кампања е во полн ек, а воедно и да започне истрага за целокупната постапка за доделување на грантови, започнувајќи од содветноста и законитоста на објавувањето на повикот, завршувајќи со одлуките на владината комисија која одлучувала која организација ќе добие грант.

С

 

Поврзани содржини