Пандемијата на ковид-19 не е ни близу до тоа дека е завршена, изјави денеска директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус на брифинг во Женева.
– Сите ние сакаме да заврши. Сите сакаме да продолжиме со нашите животи – изјави Тедрос.
Според него, суровата реалност е што „ова не е ни близу до крајот“.
– Иако многу земји постигнаа напредок на глобално ниво, пандемијата всушност се забрзува – рече Гебрејесус.
СЗО оваа недела планира да свика состанок за да го процени напредокот во истражувањето за борба против болеста.