Лозарите бараат 11 денари за килограм „смедеревка” и 13 денари за „вранец”

Овие цени се однесуваат на 17 единици шеќер „смедеревка” и 19 малигани кај „вранец”.

342

Минимум 11 денари за килограм „смедеревка” и 13 за „вранец”, плус дополнителни субвенции од државата, бара регионалното Здружение „Напредни лозари” од Кавадарци кое ги застапува лозаропроизводителите од Тиквешкиот регион.

– Овие цени се однесуваат на 17 единици шеќер „смедеревка” и 19 малигани кај „вранец”. Како расте шеќерноста, така да растат и цените. Според досегашните сознанија од терен, годинава имаме добар и квалитетен род. Короната нѐ спречи малку во активностите, но сепак работиме на утврдување на потребите од грозје кај винарските визби и други откупувачи, а ги разгледуваме и можностите за извоз на грозје – велат од Здружението за МИА.






За вечер е закажан состанок во мал состав за сите отворени прашања околу производството и пласманот на грозјето од годинашниот род. На состанокот ќе бидат испочитувани мерките за заштита од коронавирус.

Поврзани содржини