РЕК Битола: Нема зголемување на загадувањето, се работи за промена на начинот на нивно мерење

Во 2018 година се вршело мерење на емисиите во дел од месеците кога термоелектраната Битола работела, а во 2019 година емисијата се мерела речиси без исклучок, секој месец.

214

Не станува збор за „дуплирање” на емисиите, туку за промена на начинот на нивното мерење, како и динамиката на работење на термоелектраната Битола, појасни  АД ЕСМ и подружницата РЕК Битола по реакцијата на невладините еколошки организации дека податоците од мерењата на емисиите на штетни гасови во 2019 година се двојно повисоки од оние во  2018 година.

„Разликата во податоците од мерењата на емисиите помеѓу 2018 и 2019 година се јавува заради повеќе фактори. Најпрвин, мерењето на емисиите не се одвива континуирано, туку периодично. Врз количеството на емисиите влијае бројот на работни часови на РЕК Битола, а во 2019 година трите блока на РЕК Битола работеа речиси секодневно во текот на дванаесетте месеци. Зголеменото производство на електрична енергија секако подразбира и зголемени емисии. Во 2018 година се вршело мерење на емисиите во дел од месеците кога термоелектраната Битола работела, а во 2019 година емисијата се мерела речиси без исклучок, секој месец. Оттаму, не станува збор за „дуплирање” на емисиите, туку за промена на начинот на нивното мерење, како и динамиката на работење на термоелектраната Битола“, соопшти РЕК Битола и ЕСМ.






ОД ЕСМ додаваат дека податоците на мерните станици за следење на загадувањето во Битола, во континуитет покажуваат концентрации на SO₂ стотина пати пониски од пропишаниот праг.

Согласно обврските од Дозволата за усогласување со Оперативниот план за заштита на животната средина, АД ЕСМ и подружница РЕК Битола се во постапка за набавка на опрема за континуирано следење на емисиите и истата се очекува да биде инсталирана до септември годинава.

Ос ЕСМ појаснуваат дека обврските за заштита на животната средина, содржани во Оперативниот план ги презеде актуелното раковдство на АД ЕСМ и РЕК Битола, иако постапката беше започната уште во 2007 година.

– Ние имаме искрена намера обврските за заштита на животната средина да ги ставиме во институционална рамка и новиот и ревидиран Оперативен план го подготвивме во декември 2019 година. Но, АД ЕСМ и РЕК Битола не се сами во постапката. Свој придонес мора да дадат сите, вклучувајќи го и Министерството за животна средина – велат од ЕСМ.

 

Поврзани содржини